–
Комисијата за постапка за вработување спроведе постапка за вработување која се состоеше од административна селекција и писмено интервју.
По спроведена постапка, Комисијата до в.д. Директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид достави предлог за избор на кандидат, а тоа е кандидатот Горан Симоноски.
Врз основа на доставениот предлог од Комисијата за постапка за вработување за избор на лицето Горан Симоноски за вработување на работник на неопределено работно време за работно место со реден број и шифра: КУЛ 03 04 Б01 009, звање и назив на работното место: Кореограф, Етнокореограф-етнокореолог, в.д. Директорот го прифати предлогот и врз основа на член 77-ж од Законот за култура и член 16 став 1 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен огласот даватели на јавни услуги во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид бр.02-164/1 од 14.05.2021 година одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба во рок од 8 дена од приемот до Управниот одбор на Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.
Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид в.д. Директор Илче Климоски
Да се достави:
-избран кандадат
-кандидат коj се пријавил на огласот
-огласна табла
-ВЕБ страница на установата
Напишете коментар