Маинфестации и Фестивали

Балкански фестивал

Балкански фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Национална установа Центар за култура "Григор Прличев"-Охрид, како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Охридски староградски средби

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.

Прличеви Беседи

Деветнаесеттото столетие во македонскатата книжевна заложба вечно ќе се памети по преродбеништвото и раскошната духовна ризница која му ја завештаа на македонското културно наследство и македонштината истакнати учени духовници и надарени литерати.

Бисери

Во периодот на подемот на културата како развојна гордост на Охрид- најголемиот туристички и втор културен центар на Македонија формиран е Анасмблот за народни песни и игри "БИСЕРИ" при НУ Центар за култура "Григор Прличев'' - Охрид.