„Медена земја“ на кино репертоарот!
„Медена земја“ филмот номиниран за Оскар во две категории повторно ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во САБОТА, 8-ми февруари 2020 година, со почеток во 20.00 часот!
Ова е прв пат во светската филмска историја документарен филм да добие две номинации во иста година за наградите на Академијата!
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
Цена на карта 100 денари, почеток 20.00 часот.
Напишете коментар