ТРИ ПРАВИ, ТРИ ОПАЧНИ – Недела 14.10.2018
ТРИ ПРАВИ, ТРИ ОПАЧНИ
Недела 14.10.2018, 20.00 часот, влез слободен, мала сала НУЦК Охрид
Текст: Никола Пројчевски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Игра: Никола Пројчевски ,Јасмина Петровска
Тон мајстор: Христијан Манојловиќ
Светло мајстор: Томе Ѓорѓиевски
„Три прави, три опачни“, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам. Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава. Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми. Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок, и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува окулу нас. „Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што уопрно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.
Напишете коментар