Реприза на „Кајмак“ на Милчо Манчевски, овој петок 25.11.2022, со почеток во 20.00
За љубителите на филмската уметност и сите оние, кои не успеаа да ја проследата премиерата на филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски, Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид на 25-ти ноември, 2022 г. (петок) повторно го прикажува пред охридската публика во големата сала со почеток во 20 часот.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова.
Напишете коментар