„Прличеви беседи“ и врачување на наградата „Григор Прличев” за поемата „Коњски житија“
На 5ти декември, 2023 година, со почеток од 11.30 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржат „Прличеви беседи“ 2023.
Настанот ќе започне со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК „Григор Прличев“, а од 12 часот ќе се одржи свеченост по повод доделувањето на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“.
Комисијата во состав: професор др. Александар Прокопиев( претседател) професор м-р Маја Јакимовска Тошиќ (член), и професор. д-р Васил Тоциновски (член), за најдобра поема во ракопис за 2022 година, ја одбра поемата „Коњски житија“ од Зоран Анчевски.
На свеченоста ќе настапи и хорот при НУЦК „Григор Прличев“.
Напишете коментар