Поемата „Клучевите“ добитник на награда Григор Прличев

Kомисијата од пристигнатите четиринаесет и’ беа доставени тринаесет ракописи кои ги исполнуваат формалните критериуми на распишаниот Конкурс. Во потесен избор беа разгледани три поеми: Клучевите (шифра: Таурус), Будењето на Крали Марко (шифра: Ѕевгар) и Ветровите од Запад (шифра: Носталгија). Поемата Клучевите меѓу трите вонредно успешни поеми беше избрана како најдобра со два гласа поради иновативниот тематски заграб, суптилноста во приодот кон темата на духовното будење и отворање кон светот, односно кон акцијата и ангажираноста во светот. Лириричноста на изразот ја надополнува неговата духовна зрелост и во процесот на одвивањето на поемата ја откриваме стаменоста на ова суптилно огласување и длабоката проживеаност на соопштеното духовно искуство. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Низ приказот на мачниот и трновит пат на духовното будење прикажана е алхемијата на душата којашто конечно во себе ја открива и вербата и доблеста вистински да се биде во светот и да се делува во него. Формалните обележја на поемата, метриката, врзаната строфа коишто претставуваат дополнителен предизвик и ги искушуваат можностите на поетскиот израз, а можат да прозвучат и традиционално денес, овде се умешно исползувани и реализирани како современ и актуелен поетски израз кој говорејќи за поединецот воедно проговорува и за заедницата во која што тој опстојува и за предизвиците што таа ги поставува пред него.
Напишете коментар