
Во четврток (16.11.2017) на репертоарат на Народниот театар од Охрид, со почеток во 20.00 часот, љубителите на театарската уметност ќе може да ја гледаат повторно претставата “Писма од Земјата”, работена според раскази на Марк Твен, со Никола Тодороски.Адаптацијата и режијата е на Никола Тодороски, костимот на Ромина Стефанова Рашиди, а музиката на Аманда Џејн. Претставата е камерна и заради малиот број на публика (35 места) билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот).Цена на билет 200 ден.
Напишете коментар