МИТОВИ ЗА БЕРЛИН
Гете-институт Скопје во соработка со НУ Центар за култура ”Григор Прличев” – Охрид ја прикажува изложбата на постери МИТОВИ ЗА БЕРЛИН
Изложбата се прикажува од 19.-29.09.2019, а истата може да ја погледате од 09.00 до 20.00 часот. Влезот е бесплатен!
Изложбата прикажува седум илустрирани новели од томот „Митови за Берлин“ од наградуваниот цртач на стрипови Рајнхард Клајст. За „Боксерот“, биографија на еден еврејски боксер, тој меѓу другото беше одликуван и со Наградата за литература за млади. Митовите за Берлин се базираат на збирката народни приказни од четири века, која се поврзува со топологијата на метрополата. Идејата за книгата потекнува од лекторот Михаел Гроеневалд и од Луц Гелнер, уредник при Берлинскиот градски магазин Zitty (Цити). Рајнхард Клајст го измислил рамковното дејство: такси-возачот Оцан ги вози своите гости низ Берлин и притоа им ги раскажува митовите за местата на кои тие заедно се упатуваат, а ги слуша и нивните лични приказни. Така тој прераснува во еден посебен градски возач.
Со задоволство Ве очекуваме.
Напишете коментар