Импровокација С05 Е02 – сабота 13.10.2018
Почитуван гледачу,
Ти пишуваме со надеж дека си добро, и дека некако го издржа целиов месец без Нас. Те молиме не очајувај, во сабота, на 13 ти од 20:00 на Керал сцената на Н.Т. Охрид, можеш да примиш нова доза на Импровокација.
Како што знаеш, картите по цена од 200 денари можеш да ги најдеш во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да резервираш на телефонскиот број 075 283 066 (од 11:00-15:00 часот).
Земи карти и за другарите, брзо ќе снема.
Искрено твои,
Филип Кипровски,
Стрезо Стаматовски,
Никола Тодороски,
Филип Ангеличин Жура и
Никола Јосифоски.
Напишете коментар