ИМПРОВОКАЦИЈА – сабота 29.10.2016 година
НОВА, СВЕЖА, ТАЗЕ, РАНО ЕСЕНСКА ИМПРОВОКАЦИЈА!
САБОТА 29.10.2016 година
Сцена “ПОДСЦЕНА“- Народен Театар Охрид
Старт 21:00
Препорачана возраст за конзумирање +16
Карти во музичка продавница ЗиЗи Топ
ПреТпродажба:150денари
на ден на изведба: 200 денари
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа, затоа ПОВЕЛЕТЕ!
Напишете коментар