Започнуваме со уписи за детско драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид
Од ноември, 2022год. ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност , а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1ви ноември, 2022 во 19.00 во просториите на установата.
За аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори.
Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи вработени во Охридски театар.
Испратете ги вашите пријави на адреса centarzakultura_ohrid@yahoo.com, со наслов: „Пријава за
Испратете ги вашите пријави на адреса centarzakultura_ohrid@yahoo.com, со наслов: „Пријава за
член на драмско студио“ и со следниве информации: Име и презиме; Година на раѓање; Училиште;
Какви други интереси имаш (пр. спорт, уметност, музика, танц…); Телефон од родител.
Ве очекуваме!!!
Напишете коментар