ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ – 18.11.2016
Хит претставата “Детектор за лаги”, повторно на репертоарот во ПЕТОК, 18.11.2016 година. Билети во продажба на билетарата на Центарот по цена од 150 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15
e-mail: centarzakultura_ohrid@yahoo.com
Напишете коментар