„Врба“ повторно на кино репертоарот
Филмот „Врба“ повторно на кино репертоарот во Центарот за култура Охрид, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА.
КИНО ПРОЕКЦИИ ВО ДЕНОВИТЕ 7-МИ (СРЕДА), 8-МИ (ЧЕТВРТОК) И 9-ТИ (ПЕТОК) ОКТОМВРИ 2020 г. почеток 20.00 часот, цена на карта 150 денари.
Картите ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во понеделник (05.10.2020), ограничен број на карти согласно здравствените протоколи. Телефон за резервации 046/261-063.
„Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.
По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.
Главните улоги ги толкуваат младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.
Напишете коментар