Аналфабет – среда 06.03.2019

На репертоарот во Центарот за култура ќе биде повторно изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.
Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот.
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Напишете коментар