Оглас за вработување на билетопродавач
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид
Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи, Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2023
за вработување на работник на неопределено работно време
1.Реден број, шифра,звање и назив на работно место: КУЛ 04 01 Б01 002
Билетопродавач
Број на извршители:
1 (еден)
Општи услови:
Да е државјанин на Република Северна Македонија;
Да е полнолетен;
Активно да го користи македонскиот јазик.
Да има општа здравствена состојба;
Да нема изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Завршено средно образование гимназија или економско
Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време:
Работни часови во неделата – максимум 40 работни часа. Работно време со почеток: понеделник – петок од 8 до 16 часот
Паричен износ на нето плата: 28 800 денари
Период на склучување на договорот за вработување: неопределено
Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2023 година, вработувањето е предвидено за Македонец
Рок за доставување на пријава за вработување: 8 (осум) дена од денот на објавувањето во дневните весници.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите за вработување (во хартиена форма) кандидатите треба да ја достават до архивата на установата или по пошта на следната адреса:
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид
ул. Македонски Просветители бр.4 Охрид
(со назнака: „за Јавен оглас бр.3/2023 и работното место за кое се пријавува)
Начинот на спроведување на постапката за селекција ќе се спроведе согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работни односи.
Пријавата за вработување на работно место содржи:
–Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница), како и кратко мотивациско писмо;
–Кратка биографија;
–Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
–Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.
Кандидатите за работните места кон пријавата за објавениот оглас треба да приложат во оргинална форма или копија заверена на нотар:
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
- Доказ за општа здравствена состојба/лекарско уверение
- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
- Уверение/диплома за завршен степен на образование
- Своерачно потпишана Изјава од кандидатот за познавање на македонскиот јазик
Кандидатите, треба да достават прецизни, валидни и точни податоци, во пријавата за огласот и докази во оргинална форма или копија заверена на нотар кон пријавата за огласот бр.3/2023.
Напишете коментар