ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид
Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи, член 77-в и 77-г од Законот за култура, Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023
за вработување на работник на определено работно време
Реден број, шифра,звање и назив на работно место: КУЛ 03 04 Г03 005 Соработник за визуелни уметности дизајн и архитектура
Број на извршители: 1 (еден)
Општи услови: Да е државјанин на Република Северна Македонија;Да е полнолетен; Активно да го користи македонскиот јазик; Да има општа здравствена состојба; Да нема изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови: Завршено високо образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Хуманистички науки и уметности, Најмалку 1 годинa работно искуство во струката.
Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време: Работни часови во неделата – максимум 40 работни часови, работно време со почеток: понеделник – петок од 8 до 16 часот
Вид на работен однос: определено до 31.12.2023 година
Паричен износ на нето плата: 33.452,оо денари
Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2023 година, вработувањето е предвидено за Македонец
Рок за доставување на пријава за вработување:15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето во дневните весници.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите за вработување (во хартиена форма) кандидатите треба да ја достават до архивата на установата или по пошта на следната адреса:
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид
ул.Македонски Просветители бр.4 Охрид
(со назнака: „за Јавен оглас бр.2/2023)
Начинот на спроведување на постапката за селекција ќе се спроведе согласно Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за културата и согласно општите прописи за работните односи, кои се во сила во државата, односно административна селекција за проверка на веродостојност на податоци и докази доставени од кандидатите на јавниот оглас; интервју со кандидати кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази.
Пријавата за вработување на работно место содржи:
–Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница), како и кратко мотивациско писмо;
–Кратка биографија;
–Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
–Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.
Кандидатите за работните места кон пријавата за објавениот оглас треба да приложат во оргинална форма или копија заверена на нотар:
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
- Доказ за општа здравствена состојба/лекарско уверение
- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
- Уверение/диплома за завршен степен на образование
- Доказ за работно искуство
- Своерачно потпишана Изјава од кандидатот за познавање на македонскиот јазик
Кандидатите, треба да достават прецизни, валидни и точни податоци, во пријавата за огласот и докази во оргинална форма или копија заверена на нотар кон пријавата за огласот бр.2/2023.
НУ Центар за култура ГРИГОР ПРЛИЧЕВ Охрид
Директор
Горан Симоноски
Напишете коментар