Неверојатната приказна за џиновската круша (The incredible Story of the Giant Pear)
Кино проекции во среда (10.11.2021) и четврток (11.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Животот во Санитаун е убав и мирен се додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека е на мистериозен остров и направил големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го доведат дома, а во тој процес откриваат нешто што ќе му донесе големо задоволство на градот Санитаун – џиновска круша.
Година: 2017
Режија: Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик
Времетраење: 79 мин
Земја: Данска
Жанр: анимиран филм, синхронизиран на македонски и албански јазик
Дистрибутер: Катавеј Дооел
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик беше селектиран во детската програма КПлус во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Филмот привлече и огромна публика интернационално и беше продаден во повеќе од 100 земји. Филмот е наменет за публика на возраст од 4 до 14 години.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Напишете коментар