Театарска премиера „Сергеј е многу глупав“ од Дмитри Данилов, во режија на Дејана Николовска
На 9ти јуни, 2023 Народен Театар Охрид, пред публикта, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ од Дмитри Данилов, а во режија на Дејана Николовска.
“Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј за да му донесат пратка. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив“ – потенцира Николовска во најавата за претставата, која е втора од трите претстави кои ги поставува НТО, во годишната програма за 2023.
Ова е трета соработка на НТО со режисерката Дејана Николовска, кој претходно ги режираше „Благородникот“ од Молиер, и „Каде е пиштолот“ од Габор Ѓореј, едни од поуспешните постановки на ансамблот. „Овојпат имаме една поинаква претстава која ќе го збогати репертоарот на театарот и ќе го претстави во едно поинакво светло. Текстот од претставата за првпат е поставуван во Македонија и превден, воедно добиени се и ексклузивни авторски права за него. Се работи за многу популарен современ драмски текст, кој е многу поставуван и се повеќе се поставува“. Во Охрид ова е празиведба на овој текст.
Во претставата играат Никола Тодороски во улогата на Сергеј, Горан Стојаноски – првиот курир, Стрезо Стаматоски го игра вториот курир, а Филип Кипровски- третиот курир. Улогата на Маша, ја игра Елизабета Стефановска.
На прес конференцијата впечатоците од процесот на реализација на претставата, како и за ликовите кои ги играат, актерите ги дадода следниве изјави:
„Сергеј, ликот што го играм е модерен тип на човек, кој успеал во животот и премногу му е комотно, и е задоволен од се тоа што му се случува како секојдневио. Но, еден ден драстично се му се менува. Мислам дека оваа претстава ќе го предизвика прашањето во публиката: Ако Сергеј е глупав, тогаш какви сме ние?“ – вели актерот Никола Тодороски. „претставата се занимаваме со ветерот во човекот, со невидливото, а сепак многу видливо, многу конкретно со содржините на човекот, содржината на неговите чувства, на неговата душа, од емоции до свест и ум и го доведуваме во ситуација да биде тоа комично, затоа што сметавме дека на таков начин, една таква материја би допреле многу добро до душичките на нашите гледачи. Силно ги охрабрувам сите наши љубители на тетатарот да ја погледнат оваа претстава зошто е доста необична и интересна и задржува внимание, додава Стојаноски. Актерот Филип Кипровски, уште еднаш нагласува, дека при продукцијата на претставата, сведочеле несекојдневен и интересен процес: „Дејана ни даде текст за кој можевме многу, многу да размислуваме и верувам дека публиката во петок исто така нема да може да дочека да види што всушност сакаме да кажеме со претставата и целиот проблем на текстот кој ја обработува емотивната затупавеност на сите нас денеска, која сакале ние или не, општетството ни ја наметнува“, додава тој.
Композитор на претставата е Сашко Костов, а дизајнот на сценографија, костим и плакат, ги потпишува Енес Деари.
Во претставата преку главниот лик е отсликан симптомот на денешницата, а тоа е дека многу често проблемите и ситуациите со кои треба ние да се соочиме ги изнесуваме надвор, ја пренесуваме одговорноста за многу важни прашања на други. Инерцијата по која го живееме животот е нешто што сакаме да го смениме, заклучува режисерката Николовска завршувајќи со прашалник: Што би направиле вие, секој од нас, на местото на Сергеј?
„Сергеј е многу глупав“ ќе се прикажува и во рамки на официјалната програма на фестивалот „Охридско Лето“.
Напишете коментар