Претставата „Енергични луѓе“ на репертоарот на НТО во месец март
Поради зголемениот интерес, претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, ќе биде на репертоарот на НТО во месец март и тоа на: 3ти, 17ти и на 27ми март, кога се прославува и меѓународниот ден на театарот. Изведбите почнуваат во 20.00, а билети по цена од 200 ден, можат да се резервираат на телефон 046 261 063 или на 075 283 066. Картите ќе бидат пуштени во продажба и на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Напишете коментар