Зголемен буџетот за програмска дејност на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид за 2025
Министерството за култура и туризам на РС Македонија, со Решението за проекти од национален интерес во културата за 2025, содржани во нацрт годишната програма за работа на НУЦК “Григор Прличев“ – Охрид за 2025 година, одвои средства за следните проекти:
Драмска дејност:
- „Таксистот“ – автор Реј Куни, режија Коле Ангеловски – 800 000 ден.
- „Фантастична идеја“ – според мотиви од повеќе дела и автори – Адаптација и режија Ненад Витанов – 750 000 ден.
- „Бегалка“ – автор Васил Иљоски, режија Андреј Цветановски – 850 000 ден.
Висината на средствата за продукција на драмска дејност, за разлика од изминатите години е зголемена за 30%, што директно ќе влијае и на квалитетот на продукциите на Народен Театар Охрид, кои и до сега безразлика на скромните ресурси стремеше кон квалитет и врвност.
Од областа на Музичка и музичко сценска дејност, министерството ја поддржа програмата на Градскиот хор при НУ „Центар за култура „Григор ПРличев“ – Охрид со 70 000 ден.
Фолклорна дејност
- Балкански фестивал на народни песни и игри 2025 – 500 000 ден.
- Охридски староградски средби 2025 – 100 000 ден.
Издавачка дејност
- Награда за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 – 200 000 ден.
За материјални трошоци за работа на установата, Министерството за култура на Р.С. Македонија, издвои 50 000 ден.
Напишете коментар