Автор на поемата „Клучевите“, добитник на престижната награда „Григор Прличев“, е доц. Д-р Гордана Стојаноска
Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на насоката за наставник за одделенска настава на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година. Докторирала на истата институција во 2012 година. Работи како доцент на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, на група социолошки предмети. Автор е на две поетски книги: „Збор за зборот“ во коавторство со Златко Жоглев и Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2014 год. и „Поема за маргините“ во коавторство со Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2015 год,
Автор е на над 50 колумни објавени во неделниот весник ЕГО,
Автор е на повеќе рецензии на поетски и прозни книги,
Добитник е на светската награда Nosside XXVIIth World Poetry Prize 2011, Калабрија,
Италија,
Добитник е на наградата „Владимир Костов“ за краток расказ 2014 (Универзитет „Св. Климент Охридски),
Напишете коментар