Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

BEST OF STAND UP со БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

За прв пат во големата сала на НУЦК ГРИГОР ПРЛИЧЕВ голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек
-“Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК "Григор Прличев" - Охрид да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.”- вели, Бојан.
Настанот е закажан за 29.04.2022 година (петок), или веќе познат во Охрид како “ден за театар”. Цената на билетите е стандардна - 200 денари, картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ!

 

 

Share/Save/Bookmark
 

ИМПРОВОКАЦИЈА С7Е5 (Easter Edition)

ПредВелигденска ИМПРОВОКЦИЈА, Петок, 22.04.2022 година, кој не дошол ЗГРЕШИЛ!Традиционално секој Велипеток, дотерани, со вапцани јајца, Час и половина смеење со добро познатите, а секогаш различни игри, но во духот на празникот ќе "воскреснеме" и постари игри.
Местото е мала сцена на Народен Театар Охрид, а за Вас ќе чиноначалствуваат: Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Никола Тодороски + Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифоски.
Карти по цена од 250 денари може да резервирате на телефонскиот број 075283066.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ!

 

Share/Save/Bookmark
   

Претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“

На репертоарот повторно претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО, режија Љупчо Ѓоргиевски во ПЕТОК 15.04.2022 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор:  Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита:  Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Share/Save/Bookmark
   

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“

Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, во Охрид гостуваат во ПЕТОК 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот, голема сала!

Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.
Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.

Според продуцентот на претставата, засега е договорено нејзино прикажување во Штип, Битола, Куманово, Охрид и Пробиштип.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Share/Save/Bookmark
   

Претстава "Сопружници" - Вуди Ален

Претставата “Сопружници” - Вуди Ален, режија Драгана Таневска, на репертоарот во ЧЕТВРТОК, 31.03.2022 година со почеток во 20.00 часот, МАЛА САЛА!
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!


Share/Save/Bookmark
   

Страница 1 од 54

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>