Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Премиера на македонскиот филм „Сeстри”

Македонскиот игран филм „Сeстри” во режија на Дина Дума премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, кино проекции во среда (09.02.2022) и четврток (10.02.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари, голема сала!

Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.
Досега „Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Ексграунд во Висбаден Германија.
„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.
Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.
„Сестри” е поддржан од Агенцијата за Филм и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Share/Save/Bookmark