ИМПРОВОКАЦИЈА С7Е5 (Easter Edition)
Претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“
На репертоарот повторно претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО, режија Љупчо Ѓоргиевски во ПЕТОК 15.04.2022 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!
Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“
Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, во Охрид гостуваат во ПЕТОК 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот, голема сала!
Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.
Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
Според продуцентот на претставата, засега е договорено нејзино прикажување во Штип, Битола, Куманово, Охрид и Пробиштип.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Претстава "Сопружници" - Вуди Ален
Меѓународната и Македонската порака по повод Светскиот ден на Театарот
Повеќе Артикли...
Страница 2 од 55
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>