Неверојатната приказна за џиновската круша (The incredible Story of the Giant Pear)
Кино проекции во среда (10.11.2021) и четврток (11.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Животот во Санитаун е убав и мирен се додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека е на мистериозен остров и направил големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го доведат дома, а во тој процес откриваат нешто што ќе му донесе големо задоволство на градот Санитаун - џиновска круша.
Година: 2017
Режија: Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик
Времетраење: 79 мин
Земја: Данска
Жанр: анимиран филм, синхронизиран на македонски и албански јазик
Дистрибутер: Катавеј Дооел
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик беше селектиран во детската програма КПлус во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Филмот привлече и огромна публика интернационално и беше продаден во повеќе од 100 земји. Филмот е наменет за публика на возраст од 4 до 14 години.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
ИМПРОВОКАЦИЈА S07E01

Филм "Ефектот на среќа”
Претстава "Сопружници" - Вуди Ален
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2021 ГОДИНА
Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува:
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА
”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2021 ГОДИНА
Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 14-ти ноември 2021 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2021 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.
За дополнителни информации:
Тел. 046/ 261 - 063
Е-адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Повеќе Артикли...
Страница 10 од 55
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>