Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

„Гостинот“ (The Guest)

Кино проекции во среда (15.12.2021) и четврток (16.12.2021) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари.
Кратка содржина: Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, ќе доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан - но каде да оди? Тој ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти.
Година: 2019
Режија: Дучо Кјарини
Времетраење: 94 минути
Земја: Италија/Швајцарија/Франција
Жанр: Комедија
Возрасна категорија: Прва категорија
Сценарио: Дучо Кјарини, Давиде Лантиери, Марко Петенело, Роан Џонсон
Продукција: Mood Film
Продуценти: Томазо Ариги, Фредерик Белаиш, Микела Пини, Винсент Ванг
Кинематографер: Барис Озбичер
Улоги: Даниеле Паризи, Силвиа Д`Амико, Ана Белато, Тони
Застапник: Урбан Дистрибушн
Дистрибутер за Македонија: Катавеј
Линк од трејлер: https://www.imdb.com/video/vi1448393753...
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.


Share/Save/Bookmark
 

Одлука

Врз основа на член 77-ж од Законот за култура и член 16 став 1 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен огласот даватели на јавни услуги во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид бр.02-164/1 од 14.05.2021 година, В.Д. Директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид на ден 15.12.2021 година ја донесе следната:
О Д Л У К А за избор
За вработување на 1 (еден) работник на неопределено работно време за работно место со реден број и шифра: КУЛ 03 04 Б01 009, звање и назив на работното место: Кореограф, Етнокореограф-етнокореолог во Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид се избира кандидатот Горан Симоноски од Охрид.
Образложение:
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид објави јавен оглас бр.1/2021 за вработување на 1 (еден) работник на неопределено работно време за работно место со реден број и шифра: КУЛ 03 04 Б01 009, звање и назив на работното место: Кореограф, Етнокореограф-етнокореолог во Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид кој оглас се објави на веб страницата на јавната установа и во најмалку три дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Share/Save/Bookmark
   

-

Комисијата за постапка за вработување спроведе постапка за вработување која се состоеше од административна селекција и писмено интервју.
По спроведена постапка, Комисијата до в.д. Директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид достави предлог за избор на кандидат, а тоа е кандидатот Горан Симоноски.
Врз основа на доставениот предлог од Комисијата за постапка за вработување за избор на лицето Горан Симоноски за вработување на работник на неопределено работно време за работно место со реден број и шифра: КУЛ 03 04 Б01 009, звање и назив на работното место: Кореограф, Етнокореограф-етнокореолог, в.д. Директорот го прифати предлогот и врз основа на член 77-ж од Законот за култура и член 16 став 1 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен огласот даватели на јавни услуги во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид бр.02-164/1 од 14.05.2021 година одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба во рок од 8 дена од приемот до Управниот одбор на Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.
Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид в.д. Директор Илче Климоски
Да се достави:
-избран кандадат
-кандидат коj се пријавил на огласот
-огласна табла
-ВЕБ страница на установата

Share/Save/Bookmark
   

Документарен филм „Јас сум Грета“

Документарен филм „Јас  сум Грета“ биографскиот филм „Грета“ на шведскиот режисер Нејтан Гросман, премиерно прикажан во Венеција, доаѓа во македонските кина во месец декември. Кино-премиерата е закажана во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид во ПОНЕДЕЛНИК 13.12.2021 со почеток во 19:00 часот.
Од започнувањето на глобалното движење, Грета се сретна со голем број моќни политичари и други јавни личности, познати по нејзиното остро обраќање до шефовите надржави во Обединетите нации, но и поради мотивирањето на милиони млади луѓе ширумсветот да размислуваат за климатските предизвици. . Со својот активизам тој се обидува да укаже колку се опасни климатските промени, а драстични промени на ниво на поединечни земји се уште не се направени. Документарниот филм ГРЕТА го следи животот на оваа млада активистка од првиот климатски штрајк, преку патување со одржлива едрилица во САД, до серија говори што таа ги одржала во влијателни институции ширум светот. Таа го покажува и својот однос со семејството и борбата со Аспергеров синдром. Во март 2019 година, Грета Тунберг беше номинирана за Нобеловата награда за мир, а магазинот Тајм ја прогласи за личност на годината. „Се надевам дека сите што го гледаат филмот конечно ќе разберат дека младите не учествуваат во училишниот штрајк за забава. Протестираме затоа што немаме избор. Многу работи се случија откако го почнавме штрајкот, но за жал сè уште сме заглавени на почетокот. Никаде не ја наоѓаме многу потребната промена и одреден степен на свесност за заканата за нашата планета. Се што бараме е нашето општество да ја третира климатската криза како вистинска криза и да ни овозможи сигурна иднина“. (Грета Тунберг)
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.


Share/Save/Bookmark
   

Претстава "Сопружници" - Вуди Ален

На репертоарот повторно тетарската претстава “Сопружници” - Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во ПЕТОК, 10.12.2021 година со почеток во 20.00 часот, МАЛА САЛА!
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.


Share/Save/Bookmark
   

Страница 7 од 55

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>