Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ИМПРОВОКАЦИЈА С07Е04

Шест години импровизираме и ја демистифицираме магијата на создавање театарски игри заедно со Вас. По тој повод Ве каниме на уште една незаборавна, спонтана, забавна и смешна ИМПРОВОКАЦИЈА.
Местото е малата сцена на Народен Театар Охрид, во петок (04.03.2022) година, почеток 20:00 часот. Резервација на карти 075283066 по цена од 250 денари.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Share/Save/Bookmark
 

"Најголемата вистина" новиот Mакедонски филм

"Најголемата вистина" новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, голема сала!
Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров“.
Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филм насловен како ,,Најголемата вистина’’, во кој и тој самиот е актер.
„Идејата за филмот дојде на многу интересен и необичен начин. За првпат, одлучив малку да излезам надвор од уметничките рамки на фолклорот и да се одлучам на поголем предизвик – да се пренасочам кон актерството, нормално како аматер’’ – истакнува Мартин.
Имаше понуда од Балканска филмска продукциска куќа, но се одлучи да го задржи во Македонија.
„Пред да започнеме со реализација на филмот според сценариото што го напишав, краток опис, испративме до една добро позната продукција во регионот на Балканот, која веќе има продуцирано неколку добро познати филмови на филмската сцена…. Одговорот од нив беше позитивен и беа заинтересирани за разговор и за можна продажба на сценариото… Но, сепак се одлучивме да си го задржиме тука, како наше…“ вели Мартин.
Карти по цена од 150 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Share/Save/Bookmark
   

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани, со огромно извинување, Ве известуваме дека поради болест на член на екипата, вечерашната претстава "СОПРУЖНИЦИ" ќе биде одложена.

Share/Save/Bookmark
   

Филм СИГУРНОСТ - (SEKURITAS)

Kино проекции во среда (16.02.2022) и четврток (17.02.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари, голема сала!
Кратка содржина:
Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.
Година: 2019
Режија: Кармен Штадлер
Времетраење: 117 мин
Земја: Швајцарија
Жанр: Драма
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Возрасна Категорија: 12+
Премиера во Македонија: февруари 2022
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Share/Save/Bookmark
   

„100 години фудбал во Охрид“

Документарниот филм „100 години фудбал во Охрид“ премиерно ќе биде прикажан во ПЕТОК, 11.02.2022 година во НУЦК “Григор Прличев“-Охрид, со почеток во 19.00 часот.
Влез слободен!
Share/Save/Bookmark
   

Страница 4 од 55

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>