КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2021 ГОДИНА
Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува:
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА
”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2021 ГОДИНА
Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 14-ти ноември 2021 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2021 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.
За дополнителни информации:
Тел. 046/ 261 - 063
Е-адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Претстава "Сопружници" - Вуди Ален
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“
Одложената претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО, режија Љупчо Ѓоргиевски на репертоарот во ПЕТОК 08.10.2021 година, почеток 20:00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!
Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Гостување на 55. Македонски театарски фестивал "Војдан Чернодримски" во Прилеп
Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен театар Охрид гостуваат на 55. Македонски театарски фестивал "Војдан Чернодримски" во Прилеп, утре СРЕДА, 06.10.2021 година со почеток од 21.00 часот, со преставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО, режија Љупчо Ѓоргиевски.
ПРЕМИЕРА "ДУХ" Режија Сашо Миленковски
„ДУХ“ – ДЕЈАН ДУКОВСКИ
Директор: Горан Симоноски
Играат:
Горан Стојаноски
Јовица Михајловски
Верица Недеска
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Адријана Билаловиќ Тодороска
Елизабета Стефановска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Митко Серафимоски
Сценогафија и костимографија: Владимир Симоноски
Ко-автор за музика: Александар Гулевски
Диригент: Бурим Хидри
Кореограф: Татјана Узуноска Тренеска
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло мајстор: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски
Техничар на светло: Гоце Наумоск
Картите по цена од 250 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре (четврток) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
Повеќе Артикли...
Страница 10 од 54
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>