Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Повторно Стендап Шоу РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

На барање на публиката повторно РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ -стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.
РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.
Билети само со резервација на: 075 283 066, цена на карта 200 денари, САБОТА, 03.04.2021 година, влез на публика од 18:30 часот, почеток 19.00 часот!
!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура “Григор Прличев“ - Охрид.
Share/Save/Bookmark
 

"Сопружници" - Вуди Ален

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид
По повод светскиот ден на ТЕАТАРОТ на репертоарот ќе биде изведена претставата “Сопружници” - Вуди Ален во режија на Драгана Таневска во САБОТА 27.03.2021 година со почеток во 19.00 часот, цена на карта 200 денари, мала сала!
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (23.03.2021) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!


Share/Save/Bookmark
   

РЕПРИЗА “Сирано”

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид

РЕПРИЗА на претставата “Сирано” - според Душан Ковачевиќ, Режија Ѓорѓи Ризески
САБОТА 20.03.2021 година, почеток 19:00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Играат:
Директор: Горан Стојаноски
Бели: Никола Тодороски
Стефан Нос: Ивица Цонев
Ацо: Филип Кипровски
Пепи: Павел Маслов
Актер: Биљана Билаловиќ Вељаноска
Музичар од театарскиот оркестар: Ѓоко Алоски

Композитор: Алмир Бајрамоски
Аниматор: Африм Шакировски
Дизајн и Фотографија: Деана Андоновска
Изработка на сценско решение: Кирил Василев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура

Дизајн на светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Видео реализација: Гоце Наумоски
Гардеробери: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизитери: Соња Крстаноска, Маријана Николоска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Горан Георгиески, Ѓоко Китоски, Даниел Андрески, Љупчо Крстаноски

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!



Share/Save/Bookmark
   

Кариран Нинџа (Checkered Ninja)

 

Кино проекции ПЕТОК 19.03.2021 година, почеток 19:00 часот, цена на карта 100 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Кратка содржина, приказната е за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, тој открива дека нинџа куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.

Година: 2018
Режија: Андерс Матесен
Времетраење: 81 мин
Земја: Данска
Жанр: Анимација, Комедија,
Дистрибутер: Катавеј ДООЕЛ

Share/Save/Bookmark
   

ПРЕМИЕРА “Сирано”

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид

ПРЕМИЕРА “Сирано” - според Душан Ковачевиќ, Режија Ѓорѓи Ризески
САБОТА 13.03.2021 година, почеток 19:00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Директор, Горан Симоноски

Играат:
Директор: Горан Стојаноски
Бели: Никола Тодороски
Стефан Нос: Ивица Цонев
Ацо: Филип Кипровски
Пепи: Павел Маслов
Актер: Биљана Билаловиќ Вељаноска
Музичар од театарскиот оркестар: Ѓоко Алоски

Композитор: Алмир Бајрамоски
Аниматор: Африм Шакировски
Дизајн и Фотографија: Деана Андоновска
Изработка на сценско решение: Кирил Василев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура

Дизајн на светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Видео реализација: Гоце Наумоски
Гардеробери: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизитери: Соња Крстаноска, Маријана Николоска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Горан Георгиески, Ѓоко Китоски, Даниел Андрески, Љупчо Крстаноски

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!



Share/Save/Bookmark
   

Страница 7 од 61

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>