Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Театарска импровизација - „ИМПРОВОКАЦИЈА“

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа, затоа ПОВЕЛЕТЕ!

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид
ЧЕТВРТОК, 25.02.2016 година, почеток 20.00 часот
ПреТпродажба: 150 ден
На ден на изведба : 200 ден
Билетите за претставата во Music Shop ZZ-Top

Share/Save/Bookmark
 

Страница 56 од 56

<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 Следно > Крај >>