СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Почитувани,
Согласно член 8 точка (1), (2) и (3) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/06, 86/08, 6/10) секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имателот на информации е должен да обезбеди информирање на јавноста за службеното лице за посредување со информации. Следствено, службеното лице за посредување со информации контактира и дава потребни информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Имајќи ги во предвид посочените нормативни одредби, Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ве известува дека за службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го назначува вработениот Јован Стефаноски, распореден на работно место работно место самостоен референт за административни работи, категорија Г административен службеник – помошно-стручен I ниво. Со цел исполнување на законските обврски на Установата предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе врши посредување, односно ќе контактира и дава потребни информации, како и ќе му помага на барателот на информации за што ќе води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Следствено таксативно ви ги наведуваме податоците за именуваното лице од претходниот пасус.
Име и презиме на службеното лице: Јован Стефаноски
Телефон за контакт: 046- 261-063
Адреса: ул. “Коста Абраш” бр. 35, Охрид
Работно место : самостоен референт за административни работи (Анекс договор на Договорот за работа бр. 04-618/1 од 29. 06. 2016 година и Решение за распоредување на работно место бр. 04-618/2).
Со почит,
НУ Центар за култура “Григор Прличев" - Охрид,
директор, Горан Стојаноски
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" четврток 20.10.2016 година
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" ЧЕТВРТОК 20.10.2016 година, почеток 20.00 часот, Влез 150 денари.Препорачана возраст: +15
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
ДРАМАТУРГ САШО ДИМОСКИ
СЦЕНОГРАФИЈА ФИЛИП ВИТАНОВ
КОСТИМОГРАФИЈА КАТЕРИНА ЧУКНИЕВА
МУЗИЧКИ СОРАБОТНИК МАРИЈА НЕДАНОВА
ШМИНКА И ФРИЗУРА ДИМЕ БЛАЖЕСКИ
ИНСПИЦИЕНТ ФИЛИП АНГЕЛИЧИН – ЖУРА
"Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм"
“БЛАГОРОДНИК” - петок 14.10.2016 година
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, на репертоарот повторно “Благородник”- Молиер, режија Дејана Николовска, ПЕТОК 14.10.2016 година, почеток 20.00 часот, ВЛЕЗ 150 денари, мала сала, карти во продажба на билетарата на Центарот за култура. Играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова
ИМПРОВОКАЦИЈА - четврток 13.10.2016 година
ТЕАТАРСКА ИМПРОВИЗАЦИЈА ИМПРОВОКАЦИЈА!!!
Еден од најоригиналните проекти на комеди триото
Стрезо Стаматовски
Никола Тодороски
Филип Кипровски
+ да ван енд онли Филип Ангеличин Жура на „домаќинското“ столче ви приредуваат вистинско „подземно“(underground) освежување со ИМПРОВОКАЦИЈА
Претстава која се создава секогаш на лице место заедно со публиката. Секогаш јако секогаш различно секогаш премиера во која ВИЕ сте дирекни учесници. Кој бил знае кој не, сега е време за нови работи.
Четврток 13.10.2016 година
Сцена “ПОДСЦЕНА“- Народен Театар Охрид
Старт 21:00
Препорачана возраст за конзумирање +16
Карти во музичка продавница ЗиЗи Топ
ПреТпродажба:150денари
на ден на изведба: 200 денари
Повеќе Артикли...
Страница 54 од 55
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 Следно > Крај >>