"ПАРЛАМЕНТАРКИ" петок 11.11.2016 година
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" петок 11.11.2016 година, почеток 20.00 часот, Влез 150 денари.Препорачана возраст: +15
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
ДРАМАТУРГ САШО ДИМОСКИ
СЦЕНОГРАФИЈА ФИЛИП ВИТАНОВ
КОСТИМОГРАФИЈА КАТЕРИНА ЧУКНИЕВА
МУЗИЧКИ СОРАБОТНИК МАРИЈА НЕДАНОВА
ШМИНКА И ФРИЗУРА ДИМЕ БЛАЖЕСКИ
ИНСПИЦИЕНТ ФИЛИП АНГЕЛИЧИН – ЖУРА
ИМПРОВОКАЦИЈА - сабота 29.10.2016 година
“БЛАГОРОДНИК” - петок 28.10.2016 година
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, на репертоарот повторно “Благородник”- Молиер, режија Дејана Николовска, ПЕТОК 28.10.2016 година, почеток 20.00 часот, ВЛЕЗ 150 денари, мала сала, карти во продажба на билетарата на Центарот за култура. Играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова
Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти премиерно во Охрид
Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти премиерно во Охрид во ПЕТОК 21.10.2016 година со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари. Кино проекции и во наредните денови сабота 22.10.2016 и недела 23.10.2016 година.
Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.
Во дејствието од филмот главен мотив е апсурдниот настан од 1951 година кога свирепо се ликвидирани петмина прогресивни студенти од Струмица. Филмската сторија претставува всушност фикција за една насилно прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Речиси половина век подоцна, преживеаниот Алавантие се враќа во родната земја, отпретувајќи некои нови траги од досието кое УДБА го водела со кодните имиња на студентите.
Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.
Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје, а е финансиран од Агенцијата за филм на РМ.
Својата интернационална промоција филмот „Златна петорка“ ја имаше во познатото кино „Вју“ на Пикадили сиркус во центарот на Лондон, на 29 септември.
Инаку, „Златна петорка“ имаше македонска проекција на 17 септември на свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.
"Малиот принц" детска претстава, среда 19.10.2016
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, ПРЕМИЕРА на детската претстава “Малиот принц” - Сент Егзипери во режија на Ѓорги Ризески, играат Никола Тодороски, Ивица Цонев, Јасмина Билаловиќ, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски, драматуршки соработник Кристина Тодороска Петреска, музички соработник Студио Китрозон, изработка на костими Даниела Мурговска, изработка на цртежи ученици од ОУ Христо Узунов. Премиера во СРЕДА 19.10.2016 година со почеток во 19.30 часот, влез 100 денари.
Повеќе Артикли...
Страница 53 од 55
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 Следно > Крај >>