ДЕНИЦИЈА недела 04.12.2016
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ДЕНИЦИЈА ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во Недела на 4 декември во 20:00 часот, во Драмски театар во Скопје, ќе се одржи светската премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
Two Mothers Brothers vol.2 - четврток 01.12.2016
1 декември - за почеток на крајот на годината, во првиот ден од месецот кој најмногу асоцират на слави и визити, "Two Mothers Brothers vol.2" во керал сцената на Народен Театар Охрид, со почеток од 20:00 часот.
Картите по цена од 150 денари и 200 денари на денот на настанот, во добро познатото продажно место Музичка Продавница Зизи Топ.
"Two Mothers Brothers vol.2" или скратенo "2 Mamas Bros level 2", или уште пократко "2MB2" е форма на кабаре каде шго комедијата преовладува, меѓутоа вешто нанижана помеѓу нишките на иронијата и сатирата. Користејќи го методот на Брехт каде што „уметноста не треба да биде огледало кое што ќе го отсликува светот туку треба да биде чекан кој што треба да го обликува“ ние како автори и интерпретатори даваме еден коментар за денешницата, за нашиот закоравен менталитет, за разорното дејство на политиката и на медиумите, за супериорните и подчинените, за иднината на нашите деца, за стравот од „што/каде утре?“ итн. Грижливо избравме мелодии од познати изведувачи и ги „оптеретивме“ со наши текстови со цел пораката полесно да биде „сварлива“ за публиката. На крајот на краиштата ветуваме добра забава и квалитетен хумор, со сигурност тврдиме дека секој кој што ќе го погледне кабарето ќе си оди дома со насмевка на лицето и кнедла во грлото затоа што „тој кој што се смее, се уште не ги слушнал лошите вести“ - Б.Брехт.
ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ - 30.11.2016
Хит претставата "Детектор за лаги", повторно на репертоарот во СРЕДА, 30.11.2016 година. Билети во продажба на билетарата на Центарот по цена од 150 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" среда 23.11.2016 година
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид
"ПАРЛАМЕНТАРКИ" среда 23.11.2016 година, почеток 20.00 часот, Влез 150 денари.Препорачана возраст: +15
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
ДРАМАТУРГ САШО ДИМОСКИ
СЦЕНОГРАФИЈА ФИЛИП ВИТАНОВ
КОСТИМОГРАФИЈА КАТЕРИНА ЧУКНИЕВА
МУЗИЧКИ СОРАБОТНИК МАРИЈА НЕДАНОВА
ШМИНКА И ФРИЗУРА ДИМЕ БЛАЖЕСКИ
ИНСПИЦИЕНТ ФИЛИП АНГЕЛИЧИН – ЖУРА
ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ - 18.11.2016
Хит претставата "Детектор за лаги", повторно на репертоарот во ПЕТОК, 18.11.2016 година. Билети во продажба на билетарата на Центарот по цена од 150 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Повеќе Артикли...
Страница 52 од 55
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 Следно > Крај >>