Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2017

(Недела) 05.02.2017

12:45 часот
Изложба на ликовни дела на уметници од Република Македонија
Место: Изложбен салон

13:00 часот
Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
-Настап на Хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид
*1762 лето
-Обраќање на Директорот на НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид
*Горан Стојаноски
-Обраќање на претставник од Општина Охрид
-Претставување на наградената поема за 2016 година “Македонски стар и нов завет” под шифра "Библија"
-Артистичка изведба на поемата “Македонски стар и нов завет” од актерите
Јасмина Билаловиќ и Павел Маслов
-Врачување на Повелбата за најдобра поема за 2016 година
-Свечено обраќање на лауреатот Зоран Пејкоски
-Драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски

Место: НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид / Мала сала

 

Share/Save/Bookmark
 

ДЕНИЦИЈА - четврток 19.01.2017

ОХРИДСКА ПРЕМИЕРА НА ДЕНИЦИЈА ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе Европски метрополи.

Карти во продажба на билетарата на Центарот за култура, цена 200 денари.

Share/Save/Bookmark
   

Среќна нова година и Божиќни празници

Share/Save/Bookmark
   

Изложбата - Голема „ТРОЈКА“ за мигот и вечноста

- Сон кој значи живот -
Големината на човекот е во видливоста, сензибилноста, грандиозноста,
трајноста, безвремената сила и големина на неговите дела. Сонот може да биде
јаве, само тогаш кога неговиот запис живее, отелотворен во поединецот кој низ
него ја храни сопствената душа, својот ум, го трасира личниот пат...
Пред нас, имаме дела кои не зборуваат, но пренесуваат, објаснуваат,
допираат, разнежнуваат и го будат секој еден кој ќе застане и ќе посака да биде
дел од недопреното, но силно посакувано.
Следејќи го просторот, пределот, атмосферата, врската помеѓу
внатрешниот и надворешниот свет, гледајќи, допираме до една поинаква
светлина, убавина која не опкружува, а многупати, за нас, останува нејасна.
Токму оваа изложба е изложба на нераскинливата врска на мигот и
вечноста. Поврзувајќи го таинственото и реалното овие дела исполнуваат,
допираат до оној дел во кој големата тројка, низ моќта на колоритноста се
обидува да ги разграничи духовните и просторните предели.
Несекојдневната визуелизација на вообичаеното, проткаено со мистиката на
скриените чувства, отвора едно волшебно патување низ прекрасниот сон
исполнет со многу емоции, желби, откривања, еден поинаков допир до
човечката душа, честопати исполнета со несигурност, страв, немоќ, но силна,
борбена, истрајна и желна за безвремена трајност на убавината, мирот,
духовната храна, топлината.
Следејќи го сонот, едноставно го достигнуваш духовниот врв.
Така и овојпат, некогаш можеби без посебна приказна или мотив,
едноставно следејќи го гестот и внатрешната енергија, со чиста ликовност во
бојата и потегот, настануваат дела чија колоритност, допира до сечиј сон, до
сечија скриена желба или можеби видлива експресија.
Изложбата на тројцата автори, не е само обична изложба на тројца ликовни
уметници, таа е едно силно авантуристичко патување, проткаено со многу
емоции, притоа исполнето со лирско-поетичната нишка на пределот, на
благоста, меланхоличноста во доживувањето на природата, лиризмот и
драмското, мистиката и метафизиката, реалното и апстрактното...
Секое од прикажаните дела е одредена животна секвенца.
Крај нив, никогаш не си осамен, празен, рамнодушен. Напротив,
исполнет и силен со нив сонуваш и патуваш во една друга димензија, се
радуваш, се присетуваш, а носталгичноста останува печат на убавината на
мигот и вечноста, на физчкото и духовното.
Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба го оживуваат сонот на секој оној кој има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности.
И овојпат, бројот три е симбол на успехот, резултат на долгогодишната
работа и искуство, симбиоза на емотивноста, проткаена со моќта на ликовниот
израз и големината на вечното пријателство на петте ликовни уметници.
Гледајте, уживајте, чувствувајте, патувајте...
Овековечете го мигот на безграничноста...

Изложбата ќе биде поставена во вторник (20.12 2016 година) во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Отварањето на изложбата е во 19 часот.

Share/Save/Bookmark
   

8 ДЕКЕМВРИ - ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ОХРИД

ПРОГРАМА 07.12.2016 година (среда)
12.00 часот
Промоција на 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид „Охрид во моите спомени “ од Илче Стојаноски
Место : НУ Центар за култура „Григор Прличев“, изложбен салон
18.30 часот
Традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“
Место : НУ Центар за култура „Григор Прличев“, галерија
19.00 часот
Традиционална изложба на роднокрајни ликовни уметници
Место : НУ Центар за култура„Григор Прличев“, изложбен салон
19.30 часот
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА по повод Денот на градот Охрид – Свети Климент Охридски
Место : НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, голема сала
08.12.2016 година (четврток)
10.00 часот
Поклонение пред моштите на свети Климент
Место : Светиклиментовата црква на Плаошник
10.30 часот
Полагање свежо цвеќе на споменикот на „ Св. Климент Охридски“
Место : ОУ „Св. Климент Охридски“
11.00 часот
Откривање спомен-плоча посветена на Михајло Пупин
Откривање спомен-плоча посветена на старото дрво кочеџик и
Пригодна изложба на стари фотографии од комплексот на Перивлепта и од градот Охрид (опфатен е периодот од 1920 до 1930 година)
Место : Комплекс на црквата Св. Богородица Перивлепта
12.30 часот
Полагање свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Климент Охридски“
Место : Градски плоштад „Св.Климент Охридски“
19.00 часот
Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св.Климент Охридски“
Место : НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, голема сала
Share/Save/Bookmark
   

Страница 51 од 55

<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 Следно > Крај >>