Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2022 програма

САБОТА, 5 февруари 2022 година
11:45 часот
Изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид
Место: Изложбен салон
12:00 часот
Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
-Настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид
*1762 лето
-Обраќање на претставник од НУЦК “Григор Прличев”- Охрид
-Обраќање на претставник од Општина Охрид
-Претставување на наградената поема “ЦВЕТКО”
-Артистичка изведба на поемата “ЦВЕТКО”
-Врачување на Повелбата за најдобра поема за 2021
-Свечено обраќање на лауреатот Трајче Кацаров

Место: НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид, мала сала!
Согласно здравствени протоколи за заштита од корана вирусот!


Share/Save/Bookmark
 

Претстава "Сопружници" - Вуди Ален

Одложената претстава “Сопружници” - Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во ПЕТОК, 18.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, МАЛА САЛА!
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.


Share/Save/Bookmark
   

„ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ (The Prince’s Voyage)

Филмскиот репертоар го започнуваме со детскиот филм „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ кино проекции во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
KРАТКА СОДРЖИНА
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови.
Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна.
Година: 2019
Режија: Жан-Франсоа Лагиони и Ксавие Пикар
Времетраење: 77 мин
Земја: Франција, Луксембург
Жанр: Анимација
Дистрибутер:Узенгија Дооел
Возрасна Категорија: 8+
Линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt9144838/?ref_=nv_sr_srsg_5
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Share/Save/Bookmark
   

Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Трајче Кацаров

Трајче Кацаров - добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2021 година „Цветко“, под шифра: Когито.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ - Народен театар Штип. Наставен доценте е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов.
Share/Save/Bookmark
   

Среќна нова година и Божиќни празници

Share/Save/Bookmark
   

Страница 6 од 56

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>