Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2016 ГОДИНА

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) и член 10 став 1 алиниеа 1 од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (бр. 01-396/1) од 08. 06. 2015 година НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид распишува

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2016 ГОДИНА

Поаѓајќи од примарните цели и дејности на Установата - развој и поттикнување на литературното творештво, а по повод и во рамките на манифестацијата – проектот од национален интерес во областа на културата за 2017 година “Прличеви беседи”, утврден и финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, се распишува Конкурсот за избор на најдобра поема “Григор Прличев” за 2016 година. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.
Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 20-ти октомври 2016 година. Тематската содржина на поемата со којашто се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови.
За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во четири шифрирани примероци на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема ‘Григор Прличев’ за 2016 година.” Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 20-ти ноември 2016 година.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на:
Тел. 046/ 261 - 063

НУ Центар за Култура “Григор Прличев” – Охрид,
Директор, Горан Стојаноски
Share/Save/Bookmark
 

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2016

 

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ
ПРОГРАМА 2016

7 ЈУЛИ (Четврток)
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 55- ти БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА "ТАНЕЦ"

8 ЈУЛИ (Петок)
• Ансамбл "Александар Македонски" ИИИ Мелбурн - АВСТРАЛИЈА
• Ансамбл "Гоце Делчев", Битола - МАКЕДОНИЈА
• КУД "Дримкол", Вевчани - МАКЕДОНИЈA

9 ЈУЛИ (Сабота)
• Ансамбл од ТУРЦИЈА
• Ансамбл "Китка" Истибања - МАКЕДОНИЈА
• Ансамбл "Македонски Бисери" - АВСТРАЛИЈА

10 ЈУЛИ (Недела) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ
• Амсамбл "Пловдив" - БУГАРИЈА
• Ансамбл "Искра" - ЦРНА ГОРА
• КУД "Отексфолк", Охрид - МАКЕДОНИЈА

ПОЧЕТОК 21.00 часот, ВЛЕЗ СЛОБОДЕН
СЦЕНА "ДОЛНИ САРАЈ"

Share/Save/Bookmark
   

Театарска импровизација - „ИМПРОВОКАЦИЈА“

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа, затоа ПОВЕЛЕТЕ!

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид
ЧЕТВРТОК, 25.02.2016 година, почеток 20.00 часот
ПреТпродажба: 150 ден
На ден на изведба : 200 ден
Билетите за претставата во Music Shop ZZ-Top

Share/Save/Bookmark
   

Страница 50 од 50

<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>