ИМПРОВОКАЦИЈА - сабота 29.04.2017
Импровокација во сабота (29 април 2017) година на "керал" сцената на Народен Театар Охрид, репертоарно ќе се одигра шестата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу "Импровокација", со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, подпомогнати од Филип Ангеличин - Жура. Издание на Импровокација започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Аналфабет - понеделник 1 мај 2017

Во понеделник 01.05.2017 поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.
Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
*Картите по цена од 200 денари
**Претставата не е за лица помлади од 14 години
***Во претставата се користат пиротехнички средства
ДЕНИЦИЈА ВО БРИСЕЛ – ЉУБОВЕН МОЛОТОВ КОКТЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА (23.04.2017)
КОНЦЕРТ - ТРИО ЏЕНТЛМЕН, среда 19.04.2017
НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Македонската класична сцена дефинитивно доби големо освежување со појавата на триото „Џентлмен“ кои се вистинска вокална атракција. По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН, Охриѓани ќе може да уживаат во нивниот музичко вокален перформанс.
Пред повеќе од две години на македонската музичка сцена се промовираше новиот музички состав „Џентлмен“ составен од три врвни профеионални оперски вокала: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор кои иако млади се музички потковани со веќе изграден стил и одредено искуство во водите на класичната музика.
Она што фасцинира е фактот што Македонските оперски „Кавалери“ веќе ги класифицираат како состав од светски рамки кој наскоро ќе може да им парира на веќе докажаните светски реномирани оперски вокали од ваков тип.
На репертоарот на Трио „Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво. Трио „Џентлмен“ постојат повеќе од две години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.
Концертот е закажан во среда 19.04.2017 година во 20.00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Истиот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, влезот е слободен!
Аналфабет, вторник 18 април 2017

***Во претставата се користат пиротехнички средства
Повеќе Артикли...
Страница 48 од 54
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>