ИМПРОВОКАЦИЈА - сабота 24.06.2017
Аналфабет - сабота 3 јуни 2017

По повод роденденот, 6 години Народен Театар Охрид во сабота 03.06.2017 ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.
Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
почеток 20.00 часот.
*Картите по цена од 100 денари со 50% попуст
**Претставата не е за лица помлади од 14 години
***Во претставата се користат пиротехнички средства
Народен Театар Охрид со две гостувања
Народен Театар Охрид оваа недела ќе оствари две гостувања надвор од границите на Македонија.
Во среда, 24-ти мај, на покана на македонското друштво “Македониум” од Белград, во Народниот Театар ќе се одигра претставата “Аналфабет” од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Претставата е дел од манифестацијата “Денови на Македонската култура во Белград – Допирот на Македонија”. Почетокот на истата е во 20:30 часот.
Турнејата понатаму продолжува во Германија, поточно во Франкфурт, каде ќе се одигра театарската импровизација – “Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Жура. Организатори на настанот се Македонското културно и спортско друштво “Македонија” – Франкфурт. Импровокација ќе се одигра во сабота 27-ми мај, со почеток во 19:30 часот.
ИМПРОВОКАЦИЈА - сабота 13.05.2017
Импровокација во сабота (13 мај 2017) година на "керал" сцената на Народен Театар Охрид, репертоарно ќе се одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу "Импровокација", со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, подпомогнати од Филип Ангеличин - Жура. Издание на Импровокација започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
УСПЕШНА ИЗВЕДБА НА ДЕНИЦИЈА ВО БРИСЕЛ
Европската премиера на „Дениција“, во копродукција помеѓу Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“, работена според истоимената поема на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш, доживеа успех на изведбата во едно од најстарите кабареа во Брисел – „Ос а Моел“. Најавувана како „љубовен Молотов коктел од Македонија“, претставата го означи крајот на фестивалот Балкан Трафик, а нејзината поетска, музичка и кореографска сила ги освои срцата на белгиската публика. Актерите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицкоска и Саша Ефтимова беа наградени со долготрајни аплаузи , кои беа упатени и на останатиот дел од уметничката екипа: сценографијата на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, серијата слики на Сергеј Андреевски и видео проекциите на Милчо Узунов. Воодушевен од откритието на македонската уметничка екипа, директорот на бриселскиот театар Самуел Бернард, му предложи на директорот на охридскиот театар Горан Стојановски да потпишат меморандум за соработка меѓи Брисел – престолнината на ЕУ и Охрид, градот на УНЕСКО.
Повеќе Артикли...
Страница 47 од 54
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>