Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Гостува Градскиот Театар " Јоза Ивакиќ "

Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од збратимениот град Винковци од Република Хрватска, утревечер (вторник, 19.09.2017 г.) на малата сцена на НУ Центар за култура "Григор Прличев”- Охрид со почеток во 19.30 часот ќе ја одигра комедијата „Во бабиното гнездо“. Влезот за претставата е слободен!

Комедијата „ Во бабиното гнездо“ е работена по мотивите на филмот „ Дуплекс“ на Дени Де Вито, ја режира Цветин Анчиќ, а играат Петра Кралјев, Владимир Андриќ и Бланка Барт. Претставата е проткаена со духовити ситуации, поврзани со млада брачна двојка, која веднаш по венчавањето, мора да обезбеди кров над глава. Тие се определуваат преку оглас да најдат постара жена со стан за да ја чуваат.Младата брачна двојка очекува брза смрт на старицата, а таа пак во низа комични ситуации се однесува лагодно и е полна со жив.

Share/Save/Bookmark
 

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 3 - петок 15.09.2017

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 3!
Сцена „КЕРАЛ“.
Ги преживеавме горештините, гужвите, земјотресите и бикините и сега освежени како ИРМА ќе напаѓаме во петок.
Нови игри, нови песни, нови весници...Македонија слободна..... :) СТОП! Не!
Билети во музичка продавница Зизи Топ или резервирај на 075/283-066
претпродажба: 150 МКД
на ден на изведба: 200 МКД
Биди дел од (р)еволуцијата, гледај ИМПРОВОКАЦИЈА!
Шоуто не е за помлади од 16 години!

Share/Save/Bookmark
   

Народен театар Охрид

Народен театар Охрид, во четврток 14.09.2017 гостува на седми по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка со почеток во 20.00 часот ќе ја изведат претставата"АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Share/Save/Bookmark
   

С О О П Ш Т Е Н И Е

БАЛЕТСКО СТУДИО АНА САВИЌ
Врши упис на нови членови од 5-ти септември 2017 година. Сите заинтересирани љубители на балетот можат да се зачленат во просториите на НУ Центар за култура "Григор Прличев”- Охрид,
ВТОРНИК од 18.30 до 20.30 часот
СРЕДА од 18.30 до 20.30 часот
ПЕТОК од 18.30 до 20.30 часот
и САБОТА од 10.00 до 12.00 часот
Уметнички раководител Ана Савиќ 075/263-154

Share/Save/Bookmark
   

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2017

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

ПРОГРАМА 2017
6 ЈУЛИ (Четврток)

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 56- ти БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА "ТАНЕЦ"

7 ЈУЛИ (Петок)
-Ансамбл од Поградец, Албанија
-КУД “Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија
-Асоцијација на жени играорки “Орма Пелас” од Воден, Грција

8 ЈУЛИ (Сабота)
-Ансамбл “Традиција” од Трстеник, Србија
-Ансамбл “Пирамида” од Охрид, Македонија

9 ЈУЛИ (Недела) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ
-Ансамбл “Отекс” од Охрид, Македонија
-Ансамбл од Бугарија

Сцена Долни Сарај, влез слободен, почеток 20.30 часот.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 46 од 54

<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>