Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

"Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018)"

Охридската промоција на "Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018)" од Тошо Филиповски, ќе се случи во сабота 02 јуни 2018, во просториите на Центарот за култура "Григор Прличев" во Охрид.
Во првиот том на енциклопедијата се опфатени: 333 МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ СОСТАВИ,Околу 2500 СПОМЕНАТИ МУЗИЧАРИ ,Околу 400 црно-бели фотографии,Жанрови: rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, punk, heavy metal, reggae, ska...... Ги покануваме сите љубители на македонската музика на дружба со авторот. Промоцијата е во 18:00 часот.

Share/Save/Bookmark
 

Просветителска Импровокација S4E03

Просветителска Импровокација S4E03, директно од Голема Моравија и Панонија во четврток ни доаѓаат Стрезо, Методиј, Никола, Кирил, Кипро и Жура заедно да го прославиме Денот на словенските просветители. Карти по цена од 150 денари (и 200 денари на денот на шоуто) може да набавите во музичката продавница Зи Зи Топ или резервирате на добро познатиот телефонски број 075283066 (11:00-15:00 часот). Четврток 24.05.2018 година, почеток 20.00 часот.
Фотографија на НУ Центар за култура
Share/Save/Bookmark
   

Анимираниот детски филм “Џиновската круша”

НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид, на репертоар ќе го прикажува анимираниот детски филм “Неверојатна приказна за Џиновската круша”, филм базиран на истоимената книга за деца од Јакоб Мартин Стрид.Тоа е приказна за две другарчиња - слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кој еден ден мистериозно ми се губи трагата. Филмот е наменет за деца на возраст од 4 до 14 години, истиот е синхринизиран на македонски јазик. Кино проекција во вторник 08.05.2018 година, почеток 19.00 часот, влез 100 денари. Времетраење на филмот е 79 минути.

 

Share/Save/Bookmark
   

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 4 - понеделник 30.04.2018

Импровокација, сезона четири - епизода втора. Во понеделник, 30 април, во керал сцената на Народен театар Охрид. Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Жура и Никола Јосифоски. Картите по цена од 150 денари ( и 200 денари на денот на шоуто) може да се набават во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да се резервираат на телефонскиот број 075283066 (11:00-15:00 часот.) Шоуто почнува во 20:00 часот.

Share/Save/Bookmark
   

"Жена ми се вика Борис", сабота 21.04.2018 година

Театар Комедија - Скопје гостува во Охрид со претставата "Жена ми се вика Борис", во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт, сабота 21.04.2018 година, почеток 20.00 часот.
Комедијата Жена ми се вика Борис, со оригинален назив Жена ми се вика Морис доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.
Играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска
Сценографија: Орхан Ќамилов
Костимографија: Александар Ношпал
Инспициент: Ниријамет Рушити
Суфлерка: Сања Стојковска

КАРТИТЕ ПО ЦЕНА ОД 150 ДЕНАРИ, ВО ПРОДАЖБА ОД
13 АПРИЛ (ПЕТОК) НА БИЛЕТАРАТА НА НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД.
РАБОТНО ВРЕМЕ СЕКОЈ ДЕН (освен НЕДЕЛА) 10:00-20:00 часот.
Share/Save/Bookmark
   

Страница 41 од 54

<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>