Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

С О О П Ш Т Е Н И Е

Театарската претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО во режија Љупчо Ѓоргиевски закажана за ПЕТОК 10.09.2021 година се ОДЛОЖУВА, поради прогласена тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во Тетово. Претставата се презакажува во ЧЕТВРТОК 16.09.2021 година, картите ќе важат или истите може да ги замените на билетара!!!

Со почит,
НУ Центар за култура “Григор Прличев"-Охрид

Share/Save/Bookmark
 

ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2021

Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид го организира фестивалот ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ. Оваа благородна определба што значи вредносно продолжување на традициите во негувањето на староградскиот мелос.  Фестивалот ќе се одржи во првата половина од месец септември 2021 година, согласно здравствените протоколи. Сите заинтересирани ансанбли, хорови, групи и поединци што ги негувааг староградските фолклорни традиции можат да аплицираат за учество на фестивалот, пријава за учество да испратат на маил адресата од Центарот за култура: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Телефон за контакт: 046/261-063,
www.centarzakulturaohrid.com.mk

Со почит, НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид

Share/Save/Bookmark
   

"Вечер со звуците на хармониката"

НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид Ве поканува на концерт "Вечер со звуците на хармониката" ВТОРНИК 27.07.2021година, 20:00 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура, влезот е слободен!!!

Share/Save/Bookmark
   

Балкански фестивал на народни песни и игри 2021

5 јули  12.00 ч.  НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид  Промоција на монографијата „60 г. Балкански фестивал на народни песни и игри“ автор: Милчо Јованоски; промотор: Славко Упевче.

20.30 ч. Место Долни Сарај

Говор на г-дин Горан Симоноски директор на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид
Говор на Д-р Константин Георгиевски градоначалник на Општина Охрид
Говор на Ирена Стефоска министерка за култура Р.С.Македонија
Говор на г-дин Талат Џафери претседател на Собранието на Р.С.Македонија

СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ
1.АНСАМБЛ”МАКЕДОНИЈА”- Скопје,Р.С.МАКЕДОНИЈА
2.АКАДЕМСКО КУД “Бранко Крсмановиќ”- Белград,Р.Србија

06.07.2021 (втор ден)
1.АКАДЕМСКО КУД “Бранко Крсмановиќ”- Белград,Р.Србија
2.КУД”ДРИМКОЛ”-Вевчани Р.С.Македонија
3.КУД” 14 ВЕВРУАР”-Бања Лука,Босна
4.Ансамбл”Студио фолклор” и Инструментален состав “Ќустек”-Скопје Р.С.Македонија

07.07.2021 (трет ден)
1.КУД” 14 ВЕВРУАР”-Бања Лука,Босна
2.ФА”Никола Ѓурковиќ”-Котор,Црна Гора
3.КУД”Јане Сандански”-Неготино, Р.С.Македонија

08.07.2021 (четврти ден)
1.”Плус Денс”-Елбасан,Албанија
2.ФА”БИСЕРИ”-Охрид, Р.С.Македонија
3. ФА”Никола Ѓурковиќ”-Котор,Црна Гора
4.КУД”БИСЕР” – Кичево, Р.С.Македонија

Согласно здравствените протоколи за заштита од корона вирусот!
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Share/Save/Bookmark
   

Претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ“

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

Поради зголемениот интерес повторно на репертоарот новата премиера „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО, режија Љупчо Ѓоргиевски, ПЕТОК 25.06.2021 година, почеток 20:00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор:  Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита:  Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Share/Save/Bookmark
   

Страница 5 од 61

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>