Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Филм, "Брит Мари беше тука“ (Brit Marie Was Here)”

Филм, "Брит Мари беше тука“ (Brit Marie Was Here)”

Кино проекции во среда (17.11.2021) и четврток (18.11.2021) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари.
KРАТКА СОДРЖИНА:
63-годишната Брит-Мари го напушта неверниот сопруг по 40 години брак и животот на посветена домаќинка. Вистински предизвик е да најде работа во малиот град Борг особено откако ќе ѝ кажат дека е досадна пасивно-агресивна тетка.  Се вработува како тренер на детски фудбалски тим и така почнува нејзиното патување сочинето од тешки предизвици, борби, но и љубов.
Година: 2019
Режија: Тува Новотни
Времетраење:  97 мин
Земја: Шведска
Жанр: Комедија, драма, спорт
Дистрибутер за Македонија: КТ Филм и Медиа
Шведска продукција базирана на бестселерот на Фредрик Бакман
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Share/Save/Bookmark