Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Неверојатната приказна за џиновската круша (The incredible Story of the Giant Pear)

Неверојатната приказна за џиновската круша (The incredible Story of the Giant Pear)

Кино проекции во среда (10.11.2021) и четврток (11.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Животот во Санитаун е убав и мирен се додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека е на мистериозен остров и направил големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го доведат дома, а во тој процес откриваат нешто што ќе му донесе големо задоволство на градот Санитаун - џиновска круша.
Година: 2017
Режија: Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик
Времетраење: 79 мин
Земја: Данска
Жанр: анимиран филм, синхронизиран на македонски и албански јазик
Дистрибутер: Катавеј Дооел
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик беше селектиран во детската програма КПлус во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Филмот привлече и огромна публика интернационално и беше продаден во повеќе од 100 земји. Филмот е наменет за публика на возраст од 4 до 14 години.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Share/Save/Bookmark