Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
BEST OF STAND UP со БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

BEST OF STAND UP со БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

За прв пат во големата сала на НУЦК ГРИГОР ПРЛИЧЕВ голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек
-“Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК "Григор Прличев" - Охрид да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.”- вели, Бојан.
Настанот е закажан за 29.04.2022 година (петок), или веќе познат во Охрид како “ден за театар”. Цената на билетите е стандардна - 200 денари, картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ!

 

 

Share/Save/Bookmark