Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“

Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, во Охрид гостуваат во ПЕТОК 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот, голема сала!

Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.
Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.

Според продуцентот на претставата, засега е договорено нејзино прикажување во Штип, Битола, Куманово, Охрид и Пробиштип.

Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Share/Save/Bookmark