СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Почитувани,
Согласно член 8 точка (1), (2) и (3) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/06, 86/08, 6/10) секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имателот на информации е должен да обезбеди информирање на јавноста за службеното лице за посредување со информации. Следствено, службеното лице за посредување со информации контактира и дава потребни информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Имајќи ги во предвид посочените нормативни одредби, Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ве известува дека за службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го назначува вработениот Јован Стефаноски, распореден на работно место работно место самостоен референт за административни работи, категорија Г административен службеник – помошно-стручен I ниво. Со цел исполнување на законските обврски на Установата предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе врши посредување, односно ќе контактира и дава потребни информации, како и ќе му помага на барателот на информации за што ќе води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање информации.
Следствено таксативно ви ги наведуваме податоците за именуваното лице од претходниот пасус.
Име и презиме на службеното лице: Јован Стефаноски
Телефон за контакт: 046- 261-063
Адреса: ул. “Коста Абраш” бр. 35, Охрид
Работно место : самостоен референт за административни работи (Анекс договор на Договорот за работа бр. 04-618/1 од 29. 06. 2016 година и Решение за распоредување на работно место бр. 04-618/2).
Со почит,
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид,
директор, Горан Стојаноски
Напишете коментар