„КРИК ЗА ЉУБОВ“овој петок, бесплатно за сите охридски средношколци од ПРВА година
Н.У.Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид како општествено одговорна установа од областа на културата бара начини како во наредниот период младите повторно да ги насочиме кон културните вредности во пост Ковид периодот,бидејќи културата го дефинира идентитетот, младиот човек и го регулира неговото натамошно однесување.
За таа цел нашата установа од почетокот на Новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.За успешен почеток на школската година нудиме БЕСПЛАТНO прикажување на театарска претстава „Крик за љубов“ за сите средношколци од Прва година во градот. Театарската претставата „Крик за љубов“ е романтична комедија создадена од француската писателка Жозиен Баласко а во режија на Љупчо Георгиески. Улогите ги толкуваат Никола Тодороски,Горан Стојаноски, Ивица Цонев и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Претставата ќе се одигра на 30.09 2022 (петок) со почеток во 20.00 часот.
Напишете коментар