“ТРИ” – прва професионална претстава на знаковен јазик
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со асоцијацијата АТО – Центар за современа уметност и култура – Битола и НУЦК Битола Ве покануваат на бесплатна изведба за најмладите претставата “ТРИ” – прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви деца во ЧЕТВРТОК 02.12.2021 година, во 17.00 часот, влезот е слободен, бројот на места е ограничен согласно протоколи.
Претставата е наменета и за широката детска публика, бидејќи
актерите на сцена паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик, со овој театарски уникатен новитет на самата премиера се случи инклузија, радост и чувство на еднаквост помеѓу сите деца во публиката.
Играат 4 актери во улога на: Sвонко Бонбонко кој е најзабавен за детската публика и трите самовили: Розе, Лила и Синка.
Главната тема и дејствие е случувањетон на еко – катастрофа, и поради тие причини сите другари, (ликовите) сложно тргаат на мисија да го исчистат целиот свет и да го фрлат ѓубрето селектирајќи го во соодветните корпи за отпадоци за рециклирање со цел за градење на свеста кај најмладите и негување на природата.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Напишете коментар