„ПИСМО НЕКОМУ“ Интерактивна претстава за деца
„ПИСМО НЕКОМУ“ Интерактивна претстава за деца ЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
СРЕДА 28.11.2018 година, почеток 10.00 и 12.00 часот, мала сала, влез слободен!
Авторски концепт и режија: Милиана Ленак
Игра: Сара Климоска
Музичари: Виктор Гајтановски и Eлена Чадиковска
Препорачана возраст: 6+ / Времетраење: 50 мин.
„Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета.
Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.
Напишете коментар